Оваа година православните, католиците и протестантите го празнуваат Велигден на ист датум

Оваа година православните, католиците и протестантите го празнуваат Велигден на ист датум, што се случува мошне ретко, ако се има предвид дека западните цркви го користат грегоријанскиот календар, а источните јулијанскиот. Следниот пат вакво совпаѓање ќе има во 2025 година.

Празнувајќи го Христовото Воскресение – Велигден, ние во себе го празнуваме новиот човек кој е зачнат со крштевањето и кој ги живее таинствата на Црквата, а пред се Евхарстијата.Бидејќи Велигден е ден на обнова така секој христијанин застанува пред својата своест и одговара пред Богаипред заеницата за тоа што му носи годишниот спомен на Христовото воскресени. Сведоци сме на настани што не исполнуваат со вознемиреност и ни предизвикуват страв, но ние имаме надеж втемелена врз фактот на воскресението – ние како обновени, нови луѓе со својата вера и молитвите сакаме да придонесеме вотоа што ние не можеме да го решиме, да го решава Бог. Посакувам на сите срцата да ви бидат допрени со таа светлина, а во очите да го имате оној сјај што јасно порачува дека Христос воскресна, и дека Христос живее сега итука, а ние тоа го сведочиме, Некае благословено Христовото воскресение, - Христос воскресе, порача Киро Стојанов Бискуп скопски и апостолски егзарх во Македонија.

Со оваа честитка  Бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов по повод празникот Христово воскресение – Велигден на сите граѓани со католичка вероисповед им ги честита велигденските празници. И верниците од католичка вероисповет, го чествуваат најтажниот ден во годината. Денес е Велики Петок ден кога Исус Христос беше распнат и почина во 15 часот, доброволно за наше спасение рече монсењор Антон Цермонтиќ.  Оваа година Велигденските денови во исто време ги слават православните, католичките  и протестантските  верници. Вакво совпаѓање се случува многу ретко, поради тоа што западните цркви го користат Грегоријанскот календар а источите Јулијанскиот . Следниот пат во исто време овие верници празникот Велигден ќе го слават во 2025 година.

Денеска на улиците на  Стариот град на Ерусалим се христијанските верници од целиот свет и учествувваат во процесот на одбележувањето на Христовото распнување.

Синоќа по повод Велики Четврток папата Франциск по повод велилки четврток традиционално го исведе ритуалот намиење нозе на група затвореници. Поглаварот на римокатоличката црвка мисата ја одржа пред 75 затворенци возатворот Палиано во чии  рамки им ги миеше и бакнуваше стапалата на 12 верници, чин што го симболизира гестот на понизност на Исус Христос кон своите 12 апостоли непосредно пред својата смрт. Инаку оваа година Велигденските празници  се совпаѓаат и со еврејскиот празник Пасха, со кој се одбележува библиското масовно заминување на Евреите од Египет. Министерството за туризам на Израел очекува посета на Стариот град од околу 80 илјади христијански и на 80 илјади еврејски туристи. 

 

 

 

14.04.2017 - 14:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега