Францускиот амбасадор Тимоние во посета на Дебар

 

Францускиот амбасадор Кристиан Тимоние денеска беше во посета на Дебар, при што се сретна со градоначалникот Ружди Љата, присуствуваше на отворањето на изложба, а имаше средба и со професори кои во образовните институци предаваат француски јазик.

По средбата градоначалникот Љата рече дека со Тимоние разговарале околу унапредувањето на соработката на Дебар и францускот град Иф, кои повеќе години се збратимени, како и за политичката состојба во Македонија.

Францускиот дипломат посочи дека Дебар и во Франција е познат по  верската толеранција и соживотот меѓу различните етнички и верски заедници. Тој ја потенцираше поддршката на неговата земја за Македонија и искажа оптимизам за брзо разрешување на политичката криза во земјава. 

- Оптимист сум дека ќе се најде решение за политичката криза. Потребни се конкретни чекори, за доброто и благосостојбата на граѓаните. Франција ја подржува Македонија и очекува да продолжи на патот на нејзината интеграција во ЕУ и НАТО, посочи Тимоние.

Во Центарот за култура, двајцата присуствуваа на оторањето на изложбата на ликовни творби на ученици од неколку општини на тема „Стоп дискрминација“, која се реализира со поддршка на Француската амбасада во соработка со Центарот за одржлив развој на заедницата.

Амбасадорот имаше средба со професорите кои предаваат француски јазик во училиштата, кои го информираа за се поголемиот интерес што владее кај учениците за изучување на францускиот јазик.

- Сите граѓани во Македонија треба да знаат што повеќе јазици а познавањето на францускиот дава можност за поголема соработка, рече Тимоние.

 

 

 

14.04.2017 - 15:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега