Ранетиот во семејната расправија во Гостивар, осомничен и за кражба

При расветлувањето на околностите под кои дошло до ранување по семејна расправија во Гостивар, полицијата откри предмети за кои постои соменение дека се украдени од петте здравствени ординации, кои беа ограбени минатиот викенд.

Според СВР Тетово, вчера помеѓу 14 и 15 часот, полициски службеници на СВР Тетово - Полициска станица Гостивар, со судска наредба, извршиле претрес во куќата на лице времено вработено во странство, на улица „206“ во Гостивар. Сопственикот е инаку роднина на Б.С. (33), кој претходно беше ранет од огнено оружје и за кое осомничен неговиот татко.

- При претресот, под скалите во дрвено сандаче пронајдено е поголемо најлонско ќесе, во кое имало непозната зелена тревлива материја. Меѓу најдените работи имало и торба со два лаптопи, читач на здравствени картички и друга опрема. За нив постои сомнение дека потекнуваат од тешката кражба која е извршена помеѓу 14-ти и 17-ти овој месец во пет лекарски ординации во гостиварскиот Здравствен дом, вели Марјан Јосифовски портпарол на СВР Тетово.

Јосифоски нагласува дека во тек се активности за расветлување, кој, кога и како ги одзел пронајдените предмети од лекарските ординации.

Б.С. вчера беше ранет во левата надлактица, откако во семејниот дом физички го нападнал и му се заканувал на татко му, а А. С. (57) посегнал по пиштол што го поседувал без одобрение и го погодил во раката. 

 

 

 

25.04.2017 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега