Разбојничка кражба во продавница во Штип

Вчера во 21 часот и 15 минути во Полициската станица во Штип дошол вработен во продавница на СЕТ-Унион ДОО-Штип и пријавил дека истиот ден околу 20часот и 10 минути, додека бил на работа во продавницата, непознат сторител извршил разбојничка кражба.

Сторителот влегол, се доближил до касата, каде што била друга вработена, ја отворил касата и одзел 4.000 денари. После тоа сторителот се упатил кон излезот од продавницата, ја подигнал раката во која држел нож и го насочил кон пријавителот и без да каже ништо, побегнал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

25.04.2017 - 13:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега