Гостивар: Киднапирано девојче додека се враќало од продавница

Киднапирање во центарот на Гостивар. Според информациите на МВР,  во 20.40 часот од Медицинскиот центар во  Гостивар се јавиле во полициската станица  Гостивар и пријавиле дека кај нив за преглед се јавило 16-годишно девојче од гостиварско село и им кажала дека била противправно лишена од слобода. Имено, по извршениот разговор во присуство на работник од Центарот за социјални работи, девојчето изјавило дека истиот ден околу 17.00 часот на враќање од продавница, во близина на нејзината куќа, застанало возило во кое имало три непознати лица, од кои еден на сила ја внел во возилото. По кажување на истата, со возилото се возеле околу 20 минути во непознат правец, по што влегле во напуштена хала, од каде околу 19.00 часот ја вратиле дома.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

25.04.2017 - 13:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега