Вооружена семејна драма во Гостивар - го застрелал синот

57-годишниот А.С. и 33-годишниот Б.С. од Гостивар заработија кривични бидејќи дивееле во својот дом. Пред неколку дена во семејна куќа во Гостивар на А.С. настанала  вербална расправија помеѓу него и неговиот син Б.С.  кој физички го нападнал татка си задавајќи му повеќе удари со тупаници.

Синот потоа зел секира со намера да го повреди својот татко, при што бил спречен во намерата од страна на неговиот брат. Во тој момент таткото со пиштол, кој го поседувал без одобрение, пукал кон синот Б.С. и го погодил во левата рака.

 

 

 

26.04.2017 - 14:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега