Трактор нагмечи дете - бизарна несреќа во Македонија

 

Четиригодишно дете се здобило со тешки повреди по телото откако паднало и било прегазено од трактор, што го управувал дедото. По укажаната помош во гостиварската, болница, итно е пренесено на скопските клиники.

Според СВР Тетово, несреќата се случила вчера попладне на нива во месноста „Дунаиште“ кога 60-годишниот Р.А. со трактор вршел земјоделски работи. Детето било качено на тракторот што се движел и во еден момент паднало, по што било нагмечено со едно од тркалата.

Родителите на детето го пренеле во гостиварската болница, од каде заради серизноста на повредите е препратено во Ургентниот центар во Скопје.

Полицијата извршила увид на местото на настанот и се преземаат активности за целосно расветлување на околностите кои доволе до несреќата. 

 

 

 

30.04.2017 - 11:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега