Седум лица приведени за нередите во Собранието - меѓу нив и полицаец

Седум лица беа приведени, а четири заработиле мерка притвор за настаните во Собранието. Судија на претходна постапка во кривичен суд им одредил притвор на четири лица во траење од осум дена, бидејќи по барање на обвинителството, се работи за скратена постапка и во тој случај не може да се одреди подолг притвор.

 

Од вкупно седум лица кои беа приведени од полицијата  на едно лице му е одредена мерка куќен притвор, а на останатите две мерки за претпазливост, односно забрана за напуштање на местото во кое живеат, како и обврска повремено да се јавуваат на овластено службено лице во судот.

 

Јавното обвинителство засега побара од МВР да бидат приведени вкупно 15 лица, кои се сомничат дека сториле кривично дело – учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие. 

Еден од приведените е вработен во полицијата во управата за безбедност и контраразузнавање.

 

 

 

02.05.2017 - 11:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега