Исчезнатата жена од Кичево денес пронајдена мртва

Исчезнатата Ибедет Мендароска, 60 години од Кичево, која минатиот вторник го напуштила својот дом и од кога и се губи секаков траг, денес околу пладне е пронајдена мртва во водите на Зајашка Река, во близина на дивата градска депонија.

Телото закачено за гранки го забележал случаен минувач, кој ги алармирал најблиските и Полициската станица Кичево.

Во текот на денешниот ден на лице место ќе излезат јавен обвинител и претставници на полицијата, за да утврдат за кое лице се работи и кои се причините за смртта. Инаку безживотното тело било во облека, истата онаа во која го напуштила својот дом исчезнатата И.М. минатиот вторник.

 

 

 

02.05.2017 - 13:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега