Тројца полицајци физички нападнати во Битола

Вчера околу 11.00 часот во Битола, на улица „Ѓорче Петров“, поради сторени сообраќајни прекршоци, полициски службеник сопрел Моторно возило  „Лада“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Ш.Х. (25) од Битола.

Истиот, по краток разговор со полицискиот службеник, го стартувал возилото и се дал во бегство.

Со службено возило полициски службеници се упатиле по возилото на Ш.Х. и со светлосни и звучни сигнали му издале наредба да го запре возилото. Кога застанал со возилото, на Ш.Х. му било кажано да ги извади и предаде регистарските таблици на кои им била истечена важноста. Ш.Х. агресивно ги истргал од возилото и неколку пати со истите го удрил полицискиот службеник во пределот на ногата, нанесувајќи му телесни повреди.

Други двајца полициски службеници, кои се обиделе да му пружат помош на полицискиот службеник при обидот да го донесе Ш.Х. во состојба на послушност, биле физички спречени со туркање и влечење од страна на тројцата сопатници од возилото марка  „Лада“.

По кратко време на местото пристигнала групата за интервенција, по што лицата биле спречени во понатамошните дејствија.

Во Полициска станица приведени биле лицата Н.А. (49), Н.Х. (52) и С.Х. (23), сите од Битола.

По целосно комплетирање на настанот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

 

 

02.05.2017 - 14:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега