Воз удри во автомобил кај станицата во Волково- возачот во животна опасност

Вчера во 16часот и 30 минути на делот од пругата помеѓу  Железничка станица Ѓорче Петров и Железничка станица Волково се случила железничка незгода во која патничкиот меѓународен воз, кој сообраќа на релација Скопје–Приштина, управуван од Б.Ц., удрил во возило марка „Форд Фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С. (77) од Скопје.

Од ударот, возачот на патничкото возило се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клинички центар „Маја Тереза“ и се наоѓа во животна опасност. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

За време на вршење на увидот, во периодот од 16.30 до 20.04 часот,  на тој дел од пругата железничкиот сообраќај бил во прекин. 

 

 

 

02.05.2017 - 14:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега