Пронајдена бомба кашикара во Тетово

Кородирана рачна бомба - кашикара е пронајдена вчера во село Џепчиште, Тетовско, на местото викано „Лозје“.

Според МВР, бомбата ја пронашол 50-годишниот И.Н. околу 19 часот во близина на неговата нива, додека извршувал земјоделски работи.

Откако случајот бил пријавен, експлозивната направа е подигната за натамошна постапка од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување - Тетово.

Увид на местото на настанот изврши екипа од СВР Тетово.

 

 

 

02.05.2017 - 15:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега