МВР поднесе кривични на 15 лица кои учествувале во инцидентот во собрание

Секторот за внатрешни работи во Скопје, по поднесената кривична пријава од 30.04.2017 против вкупно 15 лица осомничени за сторени кривични дела - “учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“ по чл 384 од КЗ на РМ и “учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ по чл 385 од КЗ на РМ, продолжува со преземање мерки и активности за целосно расчистување на настаните предизвикани од упадот на граѓани во Собранието на Република Македонија од 27- ми април, при што до надлежното ОЈО дополнително се доставени три посебни известувања околу сознанијата на истрагатаза неколку лица.

По извршениот преглед на видео материјалите од безбедносните камери во Собранието идентификувани се лица кои што учествувале во отстранување на претходно поставената блокада на вратата од внатрешната страна од главниот влез на собраниската зграда.

Инаку, претходно ОЈО Скопје побара распишување на Централни расписи за приведување на сите 15 лица за кои постојат основи за сомнение за погоре посочените кривични дела , така што на 30.04 од слобода беа лишени осум лица кои што беа изведени пред Судија на претходна постапка кај петмина од нив изрече мерка притвор во траење од по осум дена, за едно лице мерка домашен притвор, а за две лица мерка - претпазливост.

 

СВР Скопје и натаму во координација со ОЈО Скопје интензивно работи на натамошна идентификација на лица коишто биле учесници во немилите настани од 27 април.  

 

 

 

02.05.2017 - 15:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега