Несреќа кај Делчево: „Фиат пунто“ се превртело во нива, повредени две девојки

Две 16-годишни девојки се повредени вчера откако возилото марка „Фиат Пунто“ во кое се наоѓале, поради неприлагодена брзина, излетало од патот и неколку пати се превртело во нива.

Според МВР, несреќата се случила во 14:55 часот на патот Делчево - Полето во село Киселица, кај Пеловска маала. Со возилото управувал В.И. (21) од село Полето, Делчевско, кој во еден момент изгубил контрола. 

Поради сериозноста на повредите, едно од девојчињата е префрлено воскопскиот Ургентен центар, додека другото е задржано на лекување во Клиничката болница - Штип.

Увид на местото на настанот изврши екипа од Полициската станица Делчево. 

 

 

 

02.05.2017 - 19:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега