Утре овие патни правци ќе бидат затворени за сообраќај - ова е причината

 

Патниот правец Мелнички мост - Дебар утре и задутре од 13:00 до 17:00 часот ќе биде затворен за сообраќај во двата правци поради асфалтирање. 

Како што информираат од АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација, додека во клисурите и засеците можна е почеста  појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

 

 

 

02.05.2017 - 19:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега