Топлото време донесе наезда од крлежи

 

Топлото време ги наезди крлежите. После продолжениот викенд за први мај десетина граѓани каснати од овие инсекти побарале лекарска помош во скопските болници и клиники. Засега сите пациенти биле амбулантски третирани и никој нема компликации од убодот. Минатиот месец пак на Инфективната клиника третирале вкупно 40 случаи со крлежи, а тројца граѓани ги каснала змија. Сите се надвор од животна опасност. Дерматолозите предупредуваат на внимателност бидејќи паразитите се вгнездуваат на чуствителни и тешко видливи места на телото.

- Убодот може да биде безболен, но можат да се јават и алергиски реакции, вели -др. Дејан Филиповски, дерматовенеролог во поликлиника Бит Пазар

Според лекарите, граѓаните не треба во домашни услови да прават импровизации со вадење на крлежот. Доколку остане дел во телото, подоцна може да дојде до инфекција и сериозни заболувања како што е лајмската болест.

- Досега се задржи подолго време може да дојде до инфекции, вели Филиповски

Како превентивна мерка, лекарите советуваат при одење во паркови или шума да се носи долга и светла облека а по враќање дома задолжително да направат проверка на телото.

- Токму тревата е идеално место за крлежите. Затоа внимавајте кога ќе шетате  во природа. 

Извор Сител

 

 

 

03.05.2017 - 20:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега