Писмото од Џафери стигнало во Кабинетот на Иванов

Во Кабинетот на претседателот на Република Македонија пристигнало писмото во кое информираат дека е формирано парламентарно мнозинство и избран претседател на Законодавниот дом. 

- Кабинетот на  претседателот потврдува дека е пристиганото писмо од Собранието на РМ. Претседателот Ѓорге Иванов ќе постапи согласно Уставот на РМ и воспоставената практика, велат за МИА од Кабинетот на македонскиот претседател.

Претходно Кабинетот на преседателот информираше дека е испратено писмо до претседателот Ѓорге Иванов дека е формирано парламентарно мнозинство и избран претседател на Собранието на Република Македонија.   

- Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, денеска со писмо го извести претседателот на државата Ѓорѓе Иванов дека е формирано парламентарно мнозинство и избран претседател на Сорбрание на Република Македонија, се наведува во соопштението.

Претседателот на Собранието Талат Џафери, како што се посочува, очекува дека претседателот Иванов ќе постапи според Уставот на Република Македонија.

 

 

 

04.05.2017 - 17:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега