Иванов со честитка до „Вардарки„: Македонија е со вас и кога победувате и кога губите

 

Екипата на Вардар го освои сребрениот медал на завршниот турнир од Лигата на шампионите, откако во финалниот натпревар загуби од Ѓер со 31-30 по продолженија. Вардарки оставија многу позитивни моменти од турнирот во Будимпешта, а на својата адреса добиваат само пофални зборови.

Еден од нив е и претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, кој му го честита на Вардар освојувањето на второто место во Лигата на шампионите.

– Сакам да ви честитам на играта што ја покажавте, и на максималното залагање на денешниот натпревар. Македонија е со вас и кога победувате и кога губите. Ова е голем успех, и за вас, и за Вардар, и за сите нас. Бидете горди на тоа. Ви посакувам успех на целиот тим и во иднина. Поздрав до сите – се вели во честитката упатена до ракометниот клуб Вардар.

Нека овој успех биде поттик на вардаровите ракометарки и уште во наредната сезона, конечно да ја израдуваат македонската јавност со еден златен медал, како што беше примерот со Кометал ЃП пред 15 години.

 

 

 

08.05.2017 - 11:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега