Еве од кога не очекува стабилизирање на температурите

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Утринава на југозапад и во централните делови од земјата имаше поголема облачност од која имаше и поројни врнежи од дожд. Подоцна се засилија и врнежите на југоистокот каде што денес преку денот се измерени и најголемите количества воден талог. Преку денот остана посвежо со повремени врнежи од дожд, а врнежите беа почести кон југот. Попладне нов бран на нешто послаби врнежи започна да се проширува од југозапад. Сосема на југ имаше и ретка појава на грмежи. Дуваше претежно северен ветер, поизразен вдолж Повардарието. Во подоцните попладневни часови во Кривопаланечкиот регион имаше појава на град.

ВРЕМЕТО ВЕЧЕРВА И ПРЕКУ НОЌТА

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, почести во западните и јужните делови од земјава. ИМа услови на југот да се јават и ретки грмежи. Ветерот ќе стивнува, а ќе се задржи северозападен.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Од преку ноќта и претпладне со повремен дожд, особено на југозападот и на југот. Претпладне со зголемена облачност, а од пладневните часови врнежите ќепрестануваат и облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб, а вдолж Повардарието повремено умерен северен ветер. Т-мин. од 5 до 10 а т-макс. 16 до 24 степени.

Во Скопје променливо облачно, претпладне и во пладневните часови со услови за појава на повремен дожд, а попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата од 10 до 22 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

 

Од ноќта на среда кон четврток ќе почне да дува јужен ветер. Од четврток до сабота времето ќе биде стабилно со умерен до засилен јужен ветер и со значителен пораст на дневната температура на воздухот, особено сабота. Доста топло се очекува да биде во јужните делови и вдолж Повардарието и температурата на повеќе места ќе достигне 30 степени.

 

 

 

 

09.05.2017 - 17:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега