Писмо со сочувство од министерката Канческа-Милевска до семејството на музичарот Маџиров

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска испрати телеграма со сочувство до семејството на музичарот перкусионист Зоран Маџиров кој почина денеска. 

- Со голема тага ја примив веста за смртта на нашиот маестро Зоран Маџиров. Заминувањето на овој голем уметник и човек претставува огромна загуба за Вашето семејство, за македонската култура и македонската држава воопшто, напиша Канческа-Милевска.

Министерката истакнува дека е огромен придонесот на Зоран Маџиров во афирмацијата на македонското музичко творештво и неговиот ангажман во интензивната промоција на македонската култура на сите меридијани.

- Со неговата виртуозност, инвентивност, енергичност, мултиталентираност и бескрајна љубов кон музиката, маестро Маџиров несомнено остави зад себе непроценливо наследство кое верувам ќе биде голем поттик за новите генерации македонски уметници. Македонската култура вечно ќе го памети. Нека почива во мир, пишува во писмото-сочувство на Канческа-Милевска до семејството на Зоран Маџиров кој пред седум месеци имаше тешка сообраќајна несреќа и денеска почина на 49-годишна возраст.

 

 

 

09.05.2017 - 18:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега