Кавадарчани порачаа: Нема да дозволиме по било каква цена било кој да и наштети на татковината

 

Граѓанската иницијатива за заедничка Македонија и вечерва организираше протест во Кавадарци. Поддржувачите на оваа иницијатива ги повторија барањата за поништување на тиранската платформа и зачувување на унитарноста на државата. Пред присутните се обрати пензионерот Алимпие Лазороски. Тој потсети дека Македонија е библиска земја и дека никој нема право да работи против државата.

– Нема да дозволиме по било каква цена било кој да и наштети на татковината. Ќе продолжиме со мирните протести се до исполнувањето на нашите барања, порача тој од градскиот плоштад во Кавадарци.

Лазороски прочита и стихови кои самиот ги напишал за својата држава.
Приврзаниците на Граѓанската иницијатива за заедничка Македонија го започнаа мирниот протест од пред новоизградената црква „Света Петка” во новиот центар на Кавадарци. Маршираа по улицата „Илинденска” во централното градско подрачје, се до градскиот плоштад, пред општинската зграда.

Со македонски знамиња, интонирањето на македонската химна и патриотски народни песни, уште еднаш упатија апел дека е неопходна сплотеност заради одбрана на државата од предавниците.

 

 

 

09.05.2017 - 20:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега