МВР со детали: Кривични за инцидентите во Собранието

Кривични пријави против седум лица во врска со инцидентите во Собранието на Република Македонија

 Во врска со немилите настани што се случија на 27 минатиот месец во Собранието на Република Македонија на 11.05.2017 година СВР Скопје поднесе кривична пријава против вкупно седум лица. Поднесени се кривични пријави против Д.Т. (42), Н.П. (39), Б.Г. (43), сите од Скопје и против Г.А. (43) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“ по чл. 384  од Кривичниот Законик на Република Македонија, а против А.П. (39), И.К. (37) и Н.В. (39), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“  по чл. 385 од Кривичниот Законик на Република Македонија.

Пријавенитеоколу 19.00 часот во Собранието на Република Македонија,  откако насилно ги пробиле кордоните од полициски службеници, влегле во сала бр.3 каде се одржувала прес конференција и ги нападнале пратениците З.З. (42) од Струмица и З.С. (44) од Струга, како и лицето А.Т. (лично обезбедување на З.З.). Притоа, пријавените Д.Т., Г.А., Н.П. и Б.Г. насилно ги пробиле кордоните од полициски службеници поставени пред Собранието. Потоа Г.А. ги повикал останатите присутни да влезат, а Н.П. влегол во сала бр.3, се заканувал и физички го нападнал А.Т. (лично обезбедување на З.З.).

Пријавените А.П., И.К. и Н.В. во прес салата бр.3 го извршиле кривичното дело на начин што А.П. фрлил статив за камера кон присутните пратеници, И.К. физички го нападнал А.Т. и го повредил во пределот на главата фрлајќи кон него со канцелариски стол со метални ногарки, а Н.В. со нога го удирал пратеникот З.С., додека лежел на подот.

Воедно, во врска со настаните, повикани се лицата А.Ш. (22) од Скопје и В.М. (29) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ по чл.385 од Кривичниот Законик на Република Македонија. По извршените разговори, истите се ослободени.

Секторот за внатрешни работи Скопје во консултација и соработка со Основното јавно обвинителство Скопје и понатаму презема мерки и активности со цел идентификување и документирање и на други лица учесници во настаните што се случија на 27.04.2017 во Собранието на Република Македонија.

 

 

 

 

 

12.05.2017 - 12:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега