Драма во Скопје: Извадиле пиштоли, почнал да бега па направил сообраќајка

Околу 19 часот и 30 минути на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје, поточно во сервис за возила дошол 51-годишниот Р.Д.  од Скопје, а тогаш пристигнал и 47-годишниот С.Т. кој во сервисот претходно оставил возило на поправка, кое Р.Д. му го продал.

 С.Т.  во сервисот пристигнал со двата сина и сопругата. Истите излегле од возилото, се ракувале и без никаков повод С.Т. извадил пиштол, го репетирал, по што и неговите синови извадиле пиштоли, а С.Т. му упатил заканувачки зборови на Р.Д. Сето тоа го гледал сопственикот на сервисот , кој истрчал да ја смири ситуацијата, при што Р.Д. ја искористил ситуацијата, влегол во неговото возило и со голема брзина избегал. С.Т. и неговите синови влегле во нивното возило и почнале да го бркаат, по што Р.Д. направил и сообраќајна незгода.  

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

 

 

 

12.05.2017 - 13:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега