Кумановчанец донесен во болница расечен со нож

Во 16 часот во Куманово на улицата „Моша Пијаде“, 23-годишниот Д.П. од Куманово без повод и причина физички бил нападнат од страна на 25-годишниот М.Т. и 35-годишниот М.П.  двајцата од Куманово.

Притоа, едниот со нож му нанел на Д.П. расекотина на главата над левото уво, по што тој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општа болница Куманово, од каде по укажаната лекарска помош истиот бил пуштен на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово. 

 

 

 

12.05.2017 - 13:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега