Голем пожар во Маврово: Дете добило тешки изгореници - таткото во безсознание

Петгодишно девојче добило тешки изгореници во пожар кој ја зафатил куќата на семејство во селото Врбјане, општина Маврово-Ростуше.

Според информациите на СВР Тетово, пожарот избувнал попладнево околу 16 часот во куќата на 34-годишниот А.И. а во пожарот била повредна ќерката на сопственикот, која со изгореници по рацете, нозете и телото е згрижена во гостиварската болница, а од таму испратена како тежок случај на Клиниката за пластична хирургија.

Во бесознание бил пренесен и сопственикот на куќата, кој најверојатно при пожарот вдишал од чадот и се онесевестил.

Брзата интервенција на пожарникарите спречила да се рашири пожарот.

 

 

 

13.05.2017 - 22:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега