Наредната недела два неработни дена - наредниот дури во јуни

Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците, 24 мај, среда, „Свети Кирил и Методиј“, Денот на сесловенските просветители е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните на Република Македонија им го честита празникот. 

Ова се сите неработни денови кои останаа до крајот на 2017:

• 25 јуни (недела), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, односно 26 јуни (понеделник) е неработен ден

• 02 август (среда), Ден на Републиката

• 8 септември (петок), Ден на независноста

• 11 октомври (среда), Ден на народното востание,

• 23 октомври (понеделник), Ден на Македонската Револуционерна Борба,

• 8 декември (петок), “Св. Климент Охридски” За граѓаните од православна вероисповед

• 06 јануари (петок), Бадник, ден пред Божик

• 19 јануари (четврток), Богојавление (Водици)

• 14 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден

• 02 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден

• 28 август (понеделник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) За граѓаните од католичка вероисповед

• 17 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден

• 01 ноември (среда), Празникот на сите светци

• 25 декември (понеделник), првиот ден на Божик За граѓаните од муслиманска вероисповед

• 01 септември (петок), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

• 22 ноември (среда), Ден на Албанската азбука За граѓаните припадници на српската заедница во РМ

• 27 јануари (петок), Свети Сава За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

• 08 април (сабота), Меѓународен ден на Ромите За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

• 23 мај (вторник), Национален ден на Власите За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

• 30 септември (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

• 28 септември (четврток), Меѓународен ден на Бошњаците За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

• 21 декември (четврток), Ден на настава на турски јазик

 

 

 

 

18.05.2017 - 18:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега