Денеска е Спасовден: Направете го ова рано наутро за да не ве следи несреќа

Македонската православна црква и нејзините верници денеска го одбележуваат Спасовден. Спасовден е еден од десетте празници посветени на Господ Исус Христос кој се одбележува 40 дена по Велигден, а десет дена пред Света Тројца (Духовден) и секогаш е во четврток.

Оние кои го слават Спасовден колат јагне, а според народните верувања се верува дека мажите на овој ден не смеат да се бричат, а жените да се бањаат.

Исто така се верува дека на Спасовден не се спије преку ден за да не ја преспиете целата година.

На овој голем и тежок ден се верува дека не треба да се јаде ништо додека наутро не се вкусат јагоди. Се верува дека не треба на овој ден да се вкусува ново овошје. 

Обичај е и пред Спасовден да се избањате во река или море.

 

 

 

25.05.2017 - 08:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега