Ахмети и Џафери денеска не дојдоа на рочиштето против Богоевски

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети и неговиот близок соработник и сопартиец, Муса Џафери, денеска не се појавија во судница на судењето на екс-разузнавачот Слободан Богоевски кого го тужат за навреда и клевета. 

На барање на адвокатите на Ахмети и Џафери денеска во судница се појави адвокатката Билјана Павлова, а рочиштето се одложи за 4 јули. 

Ахмети и Џафери од Богоески бараат парична отштета од 5 ипол милиони денари, односно Ахмети бара 3 милиони, а Џафери 2 ипол милиони денари за навреда и клевета за случајот  „Маѓар Телеком“.

 

 

 

25.05.2017 - 11:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега