Српската амбасадорка на разговор во МНР за Живаљевиќ

Министерството за надворешни работи (МНР) денеска на разговор ја повика амбасадорката на Република Србија Душанка  Дивјак - Томиќ и побaра од неа детално појаснување за нотираното присуство на нејзиниот советник Горан Живаљевиќ меѓу толпата луѓе за време на настаните во Собранието на 27 април годинава.

На средбата, како што соопшти МНР, беше изразено незадоволство и загриженост за недозволеното присуство на акредитиран дипломат на Република Србија во Собранието на Република Македонија за време на насилните настани.

- Беше укажано дека ваквата активност на посоченото лице не придонесува за јакнење на меѓусебната доверба и унапредување на добрососедските односи и соработка, за што двете земји се залагаат. Воедно, беше изразено очекување дека во натамошна меѓусебна комуникација на надлежните органи на двете држави ќе бидат разјаснети и утврдени сите околности на случајот и следствено ќе бидат преземени соодветни активности, во согласност со законите и меѓународното право, информира МНР. 

Според Министерството, амбасадорката ги потврди заложбите за натамошно развивање и унапредување на соработката и добросососедството меѓу двете соседни држави и воедно искажа ставови и појаснувања на линија на неодамнешните изјави на премиерот и новоизбран претседател на Република Србија Александар Вучиќ, како и министерот за надворешни работи на Република Србија Ивица Дачиќ. 

 

 

 

26.05.2017 - 14:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега