Груевски: Започнува со работа ПЕТ центарот кој е единствен од ваков тип во регионот за откривање на рана фаза на малигни заболувања кај пациентите

Проектот ПЕТ центар е протект кој што го предложив како идеја и го туркав како претседател на Владата уште од 2007-та година, а целиот проект доби на динамика некаде во втората половина од 2009-2010-та година, а пред околу осум месеци се отвори како објект, но не и како дејност, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

– Од денеска ПЕТ центарот и официјално почна со работа со пациенти, од денеска пациентите можат да доаѓаат и тоа е единствен таков објект која што има сопствено производство на радиоизотопи, помеѓу Атина и Виена во целиот овој регион нема друга институција која ја обавува таа дејност и има производство на радиоизотопи. Има само некои кои ја обавуваа дејноста, но ги купуваат радиоизотопите, но тие имаа краток определ рок на траење од неколку часа и ги пренесуваат најчесто со хиликоптер од еден во друг град. Овде во Скопје ПЕТ центарот е оспособен и целата опрема е набавена за сопствено производство на радиоизотопи така што  ќе биде многу попродуктивен и ќе може да ги продава своите радиоизотопи на околните држави и ќе биде рентабилен регионален центар, бидејќи таков центар нема во поширокиот регион, истакна Груевски.

Тој потенцираше дека луѓето кои ќе работат во овој медицински ПЕТ центар беа испратени на сите можни меѓународни обуки, а првите месеци со нив заедно ќе работат и екперти од странство. Инвестицијата е на 2500 метри квадратни и е вредна 16 милиони евра, а со правење на оваа дијагностика ќе се овозможи дознавање на малигни заболувања кај пациентите.

 

 

 

 

26.05.2017 - 16:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега