Беса нема да биде дел од новата Влада поради составот на владиниот кабинет

Беса нема да биде дел од новата Влада на Зоран Заев поради составот на владиниот кабинет. Од партијата Беса посочуваат дека нема да гласаат за новата влада, бидејќи гледајќи го составот кој е предложен, тој не гарантира дека ќе бидат спроведени реформи.

 Беса Биљал Касами на денешната прес-конференција истакна дека највисокото раководство на Движењето Беса донело одлука да не бидат дел од владата на мандатарот Зоран Заев, бидејќи лидерот на СДСМ не бил подготвен да ги прифати нивните принципи, но сепак, пратениците на Беса ќе ја поддржат секоја иницијатива која ќе води во насока на реформи и сите закони кои ги тангираат правата на Албанците.

Претходно и СДСМ ја информираа јавноста дека договорот со Беса не е постигнат, но вратите за соработка и понатаму се отворени.

Инаку, во 19. часот вечерва има закажано Централен одбор, на кој ќе се дефинираат имињата на министрите во новата влада. 

 

 

 

 

28.05.2017 - 15:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега