Во Скопје ќе никне Музеј на автобуси

Обновата на возниот парк на Јавното сообраќајно претпријатие наметнува идеја за отворање на Музеј на автобуси, најавува директорот на ЈСП Мишо Николов во интервју за порталот skopjeinfo.mk.

-2013 година ЈСП СКОПЈЕ прослави 65 години од своето основање и воедно благодарение на Владата на Република Македонија и Градот Скопје се заокружи проектот за обнова на возниот парк. Логично се наметна идејата за отварање на музеј на автобуси кои очекуваме наскоро да биде отворен. Истиот е лоциран во Автобазата во Ѓорче Петров  и содржи поставка од 7 автобуси  од марките: Лејланд, Санос, Раба, Ман, Икарус - автобуси кои  превезувале патници во различни периоди почнувајќи од основањето на претпријатието, вели Николов за skopjeinfo.mk.

ФОТО: Нова Македонија

18.08.2013 - 13:28

најчитано сега