Билен Саљији е новиот министер за правда

Нов министер за правда, според предлогот на ДУИ ќе биде Билен Саљији, досегашен директор на Државниот инспекторат за шумарство и ловство.

Во биографијата на Саљији доставена со предлог-составот на владата се наведува дека има завршено гимназија „Панче Поповски” во Гостивар и Правен факултет на Државниот универзитет во Тетово. Саљији има положени правосуден и нотарски испит.

Од 2005 до 2009 година бил советник за односи со јавноста во општина Врапчиште, од 2009 до 2011 година бил директор во ЈКП Врапчиште во општина Врапчиште, а од 2011 до 2017 година бил директор на Државен инспекторат за шумарство и ловство.

Во биографијата наведува дека покрај албански и македонски има познавање на англискиот јазик.

Саљији е роден на 23 јуни 1975 година во Добри Дол, општина Врапчиште. Оженет е и татко е на три деца.

 

 

 

01.06.2017 - 08:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега