Заев почнува со чистка во судството - бара оставка од Зврлевски

Зоран Заев од полноќ е новиот премиер на Македонија, а откако ја превзема функцијата, веќе почнува со судството. Лидерот на СДСМ му порача на јавниот обвинител, Марко Зврлевски, сам да си замине од позицијата.

- Една од работите заради кои не ни чини правосудството е државниот јавен обвинител. Се надевам, почетокот на реформите можеме да го почнеме и го повикувам да си поднесе оставка. Ја очекувам неговата оставка, како чин, кој што знае дека на предлог на Владата, парламентот го разрешува и на предлог на Владата, парламентот и го избира државниот јавен обвинител. Од тој поглед, го повикувам да ги забрза процесите и да си поднесе оставка господинот Марко Зврлевски - изјави синоќа Заев за телевизијата „24 Вести“.

Само два часа претходно, за време на говорот од собраниската седница Заев истакна дека ниту еден политичар од новата власт не ќе смее да се дрзне да влијае врз јавен обвинител.

- Сакам да знаат сите, овде пред јавноста, ако некој се дрзне да влијае врз обвинител, или врз судија, подобро сам да си даде оставка, оти ако не го стори тоа, јас ќе дадам предлог за негово разрешување. Само така ќе ја вратиме правната држава, само со личен пример и со политичка волја и мотивација. Далеку рацете на политичарите од правото и правната држава, рече Заев.

 

 

 

01.06.2017 - 08:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега