Кој е Крешник Бектеши, новиот министер за економија?

Новиот министер за економија Крешник Бектеши има завршено високо образование Применети уметности и науки претприемништво и развој на бизнис на Рочестер институтот на технологија во Њујорк, каде во 2008 година се стекнува и со звање бачелор на науки Применети уметнсти и науки (Менаџмент и бизнис администрација).

Како што се наведува во биографијата испратена со предлог-составот за влада во 2012 година магистрира на Универзитетот Шефилд во Солун на Менаџмент и стратегија – Логистика и менаџирање на ланец на набавки.   

Работел во Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извоз на Република Македонија, а бил економски промотор во Швајцарија во периодот од јули 2016 до јануари 2017 година.

Бил економски промотор и во Белгија, во периодот од април 2011 до јули 2016 година.

Совршено зборува англиски, албански и македонски јазик, а има добро познавање на турски и другите јазици од регионот.

 

 

 

01.06.2017 - 08:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега