Децата од Скопје кои исчезнаа ги нашле во Гостивар - што им се случило?

Двете деца од скопската населба Автокоманда на возраст од 11 и 10 години што вчера беа пријавени како исчезнати синоќа биле најдени живи и здрави во Гостивар. Вчера сите се кренаа на нозе откако се прошири веста за исчезнувањето.

– Децата веќе се најдени. Тие се во Гостивар. Јас немам пари да ги земам од таму и еве го чекам мојот брат, кој е такси-возач, да собере пари и да одиме да ги земеме. Пред два часа ми се јавија дека е најдени и дека биле добри. Вчера утро тие заминаа за на училиште и од дома зеле 1.600 денари кои беа оставени на маса. Веројатно со тие пари се качиле во автобус и по грешка заминале во Гостивар, изјавил таткото во телефонскиот разговор за „МКД.мк“.

Од МВР потврдија дека децата се најдени и за тоа е известен и таткото и службите од одделот за малолетници. 

 

 

 

01.06.2017 - 09:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега