Која е Мила Царовска - новата министерка за труд и социјала?

Новата министерка за труд и социјална политика Мила Царовска по професија е дипломиран социјален работник на Институтот за социјална работа на Филозофскиот факултет, при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, со десетгодишно работно искуство. Родена е на 6 мај 1984 година.

Во тек е на подготовка на магистерски труд од областа на јавното здравје на Медицинакиот факултет во Скопје при Универзитетот Св. Кирил и Методиј.

Во периодот од 15 ноември 2015 до мај 2016 година била Специјален советник на министерот за труд и социјална политика во ова Министерство, а во периодот од 2005 - 2015 година програмски координатор на Асоцијација за Здравствена едукациа и истражување- ХЕРА, а работела на повеќе проекти и во други граѓански здруженија и невладини организации од сферата на трудот и социјалната заштита.

Како што стои во биографијата доставена со предлог-составот на владата Царовска била претседател на Македонска платформа против сиромаштија во периодот од 2010 до 2013 година, а член на Европската Мрежа Против Сиромаштија и Националната Мрежа против насилство врз жени и домашно насилство.

Има сертификат за успешно завршена обука – Академски студии – Лидерство и Развој на работа во заедницата, сертификат за помината обука за интерактивна работа со лица во траума, 100 часа, сертификат за специјализиран курс: НВО и социјалниот систем во Германија и Македонија... Посетувала и обуки за родово сензитивно буџетирање, за мониторинг на Националната стратегија за семејно насилство, за Интервенција на првиот погрешен чекор – превентивни програми за работење со деца од улица,  за теренска Работа со Адолесценти во најголем ризик... Учествувала и на повеќе конференции на теми од оваа област организирани од домашни и меѓународни организации.

Во биографијата Царовска наведува дека говори англиски и српски јазик. 

 

 

 

01.06.2017 - 10:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега