Бејли му честиташе на Заев

 

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Македонија, Џес Бејли кој е под истрага на американскиот Конгрес за своето делување во Македонија, откако го направи претседателот на СДСМ Зоран Заев премиер, преку Твитер му честиташе изборот на новата Влада.

-Честитки до премиерот Зоран Заев и до парламентарното мнозинство за формирањето нова влада во Македонија. Како пријател и партнер, со нетрпение очекуваме да работиме со новата влада на реформите за напредок кон членството во НАТО и во Европската Унија, вклучувајќи ги оние за владеењето на правото, напиша Бејли на својот Твитер профил.

Откако Бејли последните неколку години вложи напори заедно со Невладините организации на Џорџ Сорос, по секоја цена да Заев да го направи премиер, денеска тој му честиташе за новата функција.

Останува прашањето дали Бејли денеска преку Твитер, всушност си честиташе сам на себе и за неговите напори Заев да стане премиер и да ги спроведува политиките од кои тој би имал корист.

 

 

 

01.06.2017 - 10:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега