Садула Дураку - министер за животна средина и просторно планирање

Новиот министер за животна средина и просторно планирање Садула Дураку, актуелен градоначалник на општина Липково, роден е на 21 јануари 1960 година.

Во биографијата на Дураку се наведува дека завршил високо образование на Универзитетот во Приштина, Технички факултет насока машинство.

Дураку од 2000 година работел во Царинската управа на Македонија, а од 2002 бил и заменик директор на царината.

Во 2004 година е избран за министер за земјоделие, шумарство и економија, а од 2006 година пратеник во Собранието на Република Македонија. Во 2008 година е директор на Агенцијата за развој и инвестиции.

Од 2009 година Дураку е градоначалник на општина Липково.

Во биографијата се наведува дека покрај албански и македонски има познавање и од германски јазик.

 

 

 

01.06.2017 - 11:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега