Сухејл Фазлиу - министер за локална самоуправа

Новиот министер за локална самоуправа Сухејл Фазлиу е роден на 30.09.1986 година во Скопје.

Средното образование го завршил во средното училиште на Град Скопје „Д-р Панче Караѓозов“ - Скопје, а дипломирал на Факултетот за современи науки и технологии на Универзитет на Југоисточна Европа во Тетово.

Во неговата биографија се наведува дека од 2010 до 2016 година работел како независен консултант во Е-Влада на повеќе позиции како консултант за информатичка технологија и веб апликации за различни компании, за услуги за локална самоуправа за повеќе земји, за услуги за јавни претпријатија за повеќе земји и услуги за он-лајн шопинг.

Сухејл Фазлиу зборува англиски јазик. 

 

 

 

01.06.2017 - 11:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега