Крешник Бектеши ја презеде функцијата министер за економија

Kрешник Бектеши официјално ја презеде функцијата министер за економија од досегашниот министер Дритон Кучи.
 
На примопредавањето, Кучи го запозна својот колега со проектите во неговиот мандат, како и надлежностите на Министерството, потенцирајќи ја неопходноста од континуирана работа на постојните цели, како што се растот на економијата, привлекувањето на странски инвестиции, зголемувањето на извозот и подобрување на деловната клима и му посака успешна работа на новиот министер.
 
Новиот министер за економија Крешник Бектеши изјави дека јa започнува оваа задача со голема посветеност и целосна одговорност, свесен за тешката состојба низ која помина државата, како во политичката, така и во економската и социјалнта сфера.
 
- Свесен сум колку оваа ситуација имаше влијание врз животот на секој граѓанин и свесен сум за високите очекувања кои ги имаме за овој нов почеток.Знам дека има многу предизвици, но ветувам дека ќе работам напорно да се создаде силна  и стабилна економија – чија глевна цел ќе бидат благосостојбата на сите граѓани, економски развој и  човечкото достоинство, изјави Бектеши.
 
Додаде дека ги очекува многу работа, за заедно да се направи државата - место каде што сите граѓани  ќе ја видат иднината и каде ќе сакаат да живеат.

Бектеши има завршено високо образование Применети уметности и науки претприемништво и развој на бизнис на Рочестер институтот на технологија во Њујорк, каде во 2008 година се стекнува и со звање бачелор на науки Применети уметнсти и науки (Менаџмент и бизнис администрација).Магистрира на Универзитетот Шефилд во Солун на Менаџмент и стратегија – Логистика и менаџирање на ланец на набавки.   На позицијата министер  доаѓа од Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извоз на Република Македонија како економски промотор во Белгија и Швајцарија.

 

 

 

01.06.2017 - 16:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега