Дураку ја презеде функцијата министер за животна средина

 Садула Дураку денеска ја презеде функцијата министер за животна средина и просторно планирање од досегашниот министер Башким Амети.

- Истакнувајќи дека веќе е запознат со предизвиците,  тековните и идни проекти на Министерството за животна средина, Дураку вети дека ќе продолжи да ја имплементира програмата на Владата заложувајќи се за здрава и чиста животна средина во интерес на сите граѓани во Република Македонија, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање.

Досегашниот министер Амети му посакал успешна  работа на новоизбраниот министер, нагласувајќи дека неговото претходно искуство како министер и градоначалник се голема предност во успешното  извршување на функцијата, министер за животна средина и просторно планирање.

 

 

 

01.06.2017 - 16:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега