Царовска: Заштитата на децата приоритетна на новата Влада

По повод 1 јуни- Ден на детето министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска преку соопштение порача дека во владината програма заштитата на децата е приоритна бидејќи секое дете е важно.

- Ќе воведеме и Програма за индивидуална поддршка на деца од семејства кои се во системот на социјална заштита и семејства со ниски примања со цел да се намали детската сиромаштија. Исто така, законски ќе гарантираме воведување на специјален едукатор (дефектолог, логопед) во градинка и училиште каде што има деца со попреченост со цел адекватна поддршка на децата и семејствата, истакнува царовска во соопштението.

Уверува дека ќе обезбедат мрежа на професионални згрижувачките семејства на кои им е регулиран работниот однос, дека ќе воспостават регионални мали групни домови за децата чиј социјален ризик не дозволува згрижувачко семејство. Според неа новата реформска Влада ќе им дадеме шанса на децата и младите да го прават тоа што најмногу го сакаат, да истражуваат и да напредуваат.

На денешен ден во 1925 година на Светската конференција за благосостојба на децата одржана во Женева УНИЦЕФ донеле одлука 1 јуни да се прогласи за посебен ден на децата што означи нов почеток во подобрување на можностите за најмладите.

Генералното собрание на ОН препорачува сите земји да воспостават Универзален ден на детето. Оттаму укажуваат најголемо внимание да се посветува во заштитата на децата кои работат долги часови во опасни околности, како и да им се овозможи на сите деца да имаат пристап до образованието.

Во Република Македонија правата на децата се остваруваат согласно со Конвенцијата за правата на детето на Обединетите нации и законската регулатива.

 

 

 

01.06.2017 - 16:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега