УХМР со предупредување - следува невреме

Од пладне во планинските подрачја има умерен развој на нестабилна облачност. Во моментов нестабилнa облачна келија проследена со пороен дожд, грмежи и можна појава на суградица има во Демирхисарско и има правец на движење кон северниот дел од Пелагонија. Друга нестабилна облачна маса со слични размери се наоѓа над планината Ниџе и има правец на движење кон исток.

Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи. На места е можна појава на невреме со пообилен пороен дожд, засилен ветер и град.

Утре ќе преовладува нестабилно облачно време со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со обилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и град. Се очекува на места да наврнат над 35 л/м2 дожд. И во недела попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, додека во првите денови од наредната недела во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност, која повеќе ќе биде застапена во планинските подрачја.

 

 

 

02.06.2017 - 14:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега