Струга и утринава се гуши - пожарот не е изгаснат веќе 9 дена

Струга и утринава се гуши во смог- пожарот не е изгаснат веќе 9 дена. 

Жителите на Струга реагираат и праќаат фотографии и апел за помош.

Фотографиите направени утрово покажуваат дека чадот се уште се шири.

Инаку, депонијата во Струга гори повеќе од една недела, стружани се гушат од неподносливите чад и реа, но сеуште не вродуваат со плод протестите на граѓаните кои излегуваат на улиците и бараат од надлежните час поскоро депонијата да се изгасне.

Граѓаните стравуваат дека проблемот со дивата депонија, освен на нивното здравје, негативно ќе се одрази и на туристичка сезона која е на прагот и ќе претставува удар врз нивниот џеб.

 

 

 

17.06.2017 - 12:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега