Вонредна временска прогноза - се очекуваат врнежи од дожд и град

Под влијание на многу топла воздушна маса до крајот на месецот продолжува периодот на многу топло време со натпросечни максимални температури на воздухот, кои насекаде ќе надминуваат 30, а вдолж Повардарието и 35 степени. Ултравиолетовото зрачење ќе биде многу високо, а вредноста на УВ индексот ќе изнесува 9.

До вторник во попладневните часови ќе има услови за појава на локален пороен дожд и грмежи, а не е исклучено овие процеси на места да бидат и поинтензивни. Услови за нестабилност ќе има и во Скопската котлина, особено во понеделник.

 

 

 

23.06.2017 - 21:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега