ВМРО-ДПМНЕ: Заев од Софија ја обвини сопствената држава за ширење на национализам и омраза

Интегрален текс од центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Помина една недела од посетата на Заев на Софија во која како што самиот рече ги усогласил сите точки од договорот со Бугарија, а од потпишувањето го делело само едно обично кафе пиење, но граѓаните се уште не знаат што Заев договарал и што ветил.

          Заев во текот на изборната кампања постојано зборуваше дека новата Влада ќе биде транспарентна, ќе отвора експертски дебати за сите позначајни општествени и државни прашања и ќе ги консултира граѓаните на јавни расправи, за сега да гледаме дека ништо од тоа не е пракса.

          Заев од Софија кажа дека ќе има бришење на одредени термини од историјата на Република Македонија, без да каже кој ќе одлучи што ќе се брише.

          Заев од Софија ја обвини сопствената држава, чиј Премиер е, за ширење на национализам и омраза, без да каже кон кого тоа и кога Република Македонија ширела национализам.

          Додека Заев ја обвинуваше Република Македонија за национализам, не одвои време за осуда на изјавите на Божидар Димитров кој е радосен на фактот што Заев кажал дека Македонците и Бугарите се ист народ, за кого македонскиот јазик е бугарски дијалект, а потпишувањето на договорот за добрососедство ќе значи крај за македонизмот.

          Што знае Димитров, а македонските граѓани не знаат? На што се согласил Заев за да Димитров биде цврсто убеден дека исполнувањето на истиот ќе значи крај за македонизмот?

 

          ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека е за градење на добрососедски односи, со сите наши соседи, базирани на взаемно почитување, но никогаш нема да се согласи на нешто што е во спротивност со македонските државни и национални интереси.

 

 

 

28.06.2017 - 09:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега