Земјотреси ја разбудија Македонија - жителите вознемирени, тлото не се смирува

Два земјотреса ноќеска повторно го потресоа охридскиот регион.

Првиот земјотрес, според информациите од Европскиот медитерански сеизмолошки центар, е регистриран во 02:37 часот со магнитуда од 3 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот бил на 8 километри источно од Охрид на длабочина од 5 километри.

Вториот потрес се случил во 04:41 часот. Бил со магнитуда од 3,1 степен според Рихтер, со епицентар 13 километри североситочно од Охрид на длабочина од еден километар.

Земјотресите не предизвикаа никакви материјални штети, но дополнително ги вознемирија жителите на Охрид и околните населени места, кои веќе неколку дена се сведоци на тресење на тлото.

Експертите по сеизмологија оценуваат дека се работи за редистрибуција на напрегање на силите за сеизмички активно подрачје. Истовремено тие уверуваат дека не треба да се очекуваат да се случат земјотреси со поголема магнитуда, оттаму што со секој изминат земјотрес се губи потенцијалот за поголем потрес.

 

 

 

29.06.2017 - 08:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега