Попладнево најсилен земјотрес годинава во Македонија - тлото не се смирува

Силен земјотрес со јачина од 5 степени по Рихтер денеска го стресе Охрид и Ресен, а беше почувствуван и во Скопје. Потресот ги испаничи жителите и туристите кои и онака се вознемирени од серијата потреси изминатите денови. 

Ова е најсилниот потрес за годинава во Македонија.

Инаку, годинава силен потрес од 4 степени пред околу два месеци имаше и во Скопје, во 4 часот и 10 минути наутро.

Минатата година земјотрес од 5,3 го стресе Скопје и тоа е најсилен потрес од разорниот во 1963. во Македонија.

 

 

 

03.07.2017 - 18:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега