ВМРО-ДПМНЕ: На Македонија не и требаат експерименти со истополови бракови

 

ВМРО-ДПМНЕ смета дека на Македонија не и требаат експерименти со истополови бракови или посвојување на децата без родители од страна на двојки од исти пол.

- Бракот е заедница исклучиво помеѓу еден маж и една жена. Така било, така е и така треба да остане. Без никаква дебата и без никакви аргументи, власта предводена од СДС и ДУИ на јавноста вчера кукавички и го подметна предлогот за легализација на хомосексуалните бракови, кој може да биде вовед во идно овозможување на посвојување на деца без родители од хомосексуални двојки, рече Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција пред Собранието на РМ.

Ваквите законски измени, додаде, ги немаа во своите програми ниту СДСМ, ниту ДУИ и граѓаните не гласаа за нив.

- Цениме дека е подмолно пост изборно да се подметнуваат вакви законски решенија. ВМРО-ДПМНЕ нема ништо против индивидуалните слободи и изразување на сексуалната определба се додека тоа е согласно со закон. Македонија е традиционално општество каде се негуваат семејните вредности. Предлогот на пратеникот од владејачкото мнозинство сам по себе е спротивен на волјата и на ставот на огромното мнозинство граѓани за брак како заедница на еден маж и на една жена, рече Ласовска 

Нагласи дека традиционалниот брак како заедница на еден маж и една жена во Македонија го поддржуваат и Македонци и Албанци и Срби и Турци и Власи и Роми и Бошњаци и христијани и муслимани и сите останати верски и етнички заедници. Потсети дека минатата недела група на активисти и сајтови блиски до парламентарното мнозинство пренесоа изјави за релативизирање на педофилијата, дефинирање на педофилите како маргинализирана група и признавање на исто половите бракови, заедно со посвојување на деца од хомосексуални двојки.

 

 

 

04.07.2017 - 14:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега